Руски агенти обвинети за шпионажа во полза на САД | Правдико

Правдико

   

Руски агенти обвинети за шпионажа во полза на САД

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Руските власти денеска покренаа обвиненија против двајца агенти на Федералната служба за безбедност (ФСБ) и против еден вработен во компанијата за кибер безбедност „Касперски“ поради „предавство во интерес на САД“.

Адвокатот на еден од обвинетите, Иван Павлов соопшти дека двајцата службеници на ФСБ, Сергеј Михаилов и Дмитриј Докучаев, кои биле вработени во одделот на Службата за кибер безбедност, се обвинети за соработка со американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА).

Михаилов и Докучев беа упасени лани во декември под сомнеж за шпионажа во полза на САД.

Вработениот во „Касперски“ пак е уапсен под обвинение дека соработувал со двајцата агенти на ФСБ при нивното „предавство“.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико