Руски комитет: ИСИС удира врз Европа и Русија, нападите ги предводат терористите „Еднораки“
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Ќелиите на исламска држава (ИД) на чело со чеченецот Ахмед Четајевом, задолжен за регрутација, планирале терористички напади во Русија и Европа, предупреди денеска рускиот Национален антитерористички комитет.
Поранешни офицери на ирачката армија биле на служба за време на режимот на Садам Хусеин, учествуваат во обука на терористите за напад на Русија, додава Комитетот.
– Руските специјални служби имаат информации дека одредени групи подготвуваат терористички напади во Русија и европските земји – изјави портпаролот на рускиот комитет Андреј Пржездомски.
Како што е наведено, посебно е активен баталјонот составена главно од регрути од Северен Кавказ, на чело со Ахмед Четајев, познат како „Еднорак.“
Групата предводена од Четајев вклучува, наводно, десетици луѓе родени во јужна Русија, кои заминале во Сирија за да се приклучат во редовите на ИД.
Пржездомски изјави дека руските граничната полиција и специјалните служби прават се за да се запре приливот на терористи од Сирија, преку Турција.
Повеќе од стотина луѓе кои се обидувале да се регрутираат во ИД беа уапсени пред тие да бидат во можност да се приклучат, а повеќе од 800 борци биле заробени на патот кон Русија, од кои 22 терористички регрути, рече тој.
Според него, овие напори помогнаа да се спречат неколку терористички напади во Русија.