Руски пратеник предлага тепачките на хулиганите да станат спорт | Правдико

Правдико

   

Руски пратеник предлага тепачките на хулиганите да станат спорт

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Рускиот политичар и пратеник во Думата од редовите на екстремно Либерална-демократска партија на Русија, Игор Лебедев, предложил формирање на нова спортска дисциплина, тепачки на хулигани.

Русија наредната година ќе биде домаќин на Светското првенство во фудбал, а организаторот во ФИФА стравуваат дека би можело да има повотрување на сцените од минатогодишното Европско првенство.

На ЕП во Франција најмногу експонирани беа руските хулигани, кои предизвикаа низа на инцидентите по француските градови.

Пратеникот Лебедев има предлог, воведување на нова спортска дисциплина со која хулиганите би биле под контрола.

„Знаејќи дека нашите навивачи се борци, а не хулигани, навивачките борби би можеле да станат спорт. Кога можеше борбата „еден на еден“ да стане спорт, зошто не може и ова. Само треба да се воведат правила и да се започне со тимско натпрварување. На тој начин би се канализирала навивачката агресивност“, рекол Лебедев за интернет страницата на ЛДПР.

Овој политичар го има и разработено планот како би изгледале борбите.

„Англиските навивачи би можеле да го прифатат нашиот предизвик. На секоја страна би имало по 20 навивачи. На нашиот интернет сајт може да ги погледнете правилата“.

Лебедев смета дека името на овој збор треба да е „драка“, што е руски збор за тепачка.

Пратеникот во руската Дума во интервјуто потврдил дека руските навивачи не биле хулигани.

„Тие само од се срце ги поддржуваат своите клубови. точно е дека понекогаш се тепаат, но само против „колегите“ навивачи. Никогаш не го напаѓат населението. Тие не се хулигани какви што има во Англија“, завршил Лебедев.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико