Рускиот дисидент Ашурков доби политички азил во Велика Британија
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Во своето барање до британските имиграциони власти, Ашурков тврди дека во Русија е обвинет за кривично дело што не го сторил и дека е прогонуван од политички причини.
Тој се наоѓа во Лондон од мај минатата година заедно со неговата партнерка, која засега нема британски азил.
Ашурков е поранешен банкар кој работел како извршен директор во Фондацијата на Алексеј Навални за борба против корупцијата во Русија.
Во јули минатата година Комитетот за истраги на Русија, руска варијанта на американското ФБИ, издаде налог за апсење на Ашурков, обвинувајќи го дека украл пари од Фондацијата.
Навални, кој важи за најгласниот критичар на рускиот претседател Владимир Путин, го обвинува Кремљ дека ја поттикнува нашироко распространетата корупција во земјата.
Навални, кој сега е во домашен притвор, за Би-би-си изјави дека Ашурков нема сторено ништо лошо за да биде кривично прогонуван.
Пред Ашурков, политички азил во Велика Британија добија и некогаш најбогатиот Русин, Борис Березовски, кој во 2000 година побегна во Лондон, како и поранешниот оперативец на руската разузнавачка агенција ФСБ, Александар Литвиненко.
Извор: Нова Македонија