Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални ослободен од притвор | Правдико

Правдико

   

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални ослободен од притвор

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Истакнатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, излезе од притвор во Москва и вети дека ќе продолжи да ја предизвикува владата на претседателот Владимир Путин за убиството на критичарот на Кремљ, Борис Немцов.

aleksej-navalini-2

Навални беше ослободен денеска откако помина 15 дена во притвор за дистрибуција на летоци за промоција на протести кои се планирале за 1 март. Митингот се претвори во марш на жалост посветен на Немцов, кој беше убиен на 27 февруари.

По ослободувањето Навални рече : „нашите активности нема да се променат, нема да ги намалиме нашите напори и нема да се повлечеме.“ Навални изјави дека верува оти Немцов е убиен „по наредба на политичкото раковоидство во земјата“, нагласувајќи дека е вклучен и Путин. Навални, кој беше движечка сила во протестите од 2011 и 2012 година има две условни казни.

Извор: Радио слободна Европа

Препорачуваме

Партнери на Правдико