Руските специјалци пристигнуваат во Анкара | Правдико

Правдико

   

Руските специјалци пристигнуваат во Анкара

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Тим од претставници на руските специјални агенции, руската Истражната комисија и министерството за надвореши работи отпатуваа во Турција по убиството на рускиот амбасадор Андреј Карлов во понеделникот вечер на изложба во Анкара, пренесуваат светските агенции.

ruski-specijalci

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков во вторникот соопштил дека во Турција отпатувал тим од 18 истражувачи, а според турскиот министер Мевлут Чавушоглу изјавил дека турските и руските експерти ќе работат заедно на откривање на деталите за оој случај и дека соработката на двете земји во врска со политичкото решение на сирискиот конфликт ќе продолжи.

Тој додал дека убиството на рускиот амбасадор во Анкара е насочено да ги дестабилизира односите меѓу двете земји и оценил дека тоа никој нема да го дозволи, пренесува Радио Слободна Европа. Рускиот шеф на дипломатијата, Сергеј Лавров изјавил дека Русија и е благодарна на Турција за брзатареакција по убиството и дека смртта на Карлов уште повеќе ја истакнала потребата за дијалог помеѓу Москва и Анкара.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико