Рускоска побара казна затвор за 16 обвинети за крвавиот четврток | Правдико

Правдико

   

Рускоска побара казна затвор за 16 обвинети за крвавиот четврток

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Обвинителката Вилма Рускоска во завршниот збор за судењето за 27 април рече дека бара судот да ги огласи за виновни сите 16 обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

„Обвинителството докажа дека на 27 април 2017 е извршен организиран напад во Собранието”, рече Рускоска. Таа кажа дека нападот не бил класично учество во толпа или зовриени емоции, туку организиран и спроведен напад од оние кои седат во судница и од оние кои не се во судница поради амнестијата“, рече Рускоска.

Обвинителката кажа дека обвинението не е политички прогон и не е резултат на политички реваншизам и дека кај сите граѓани, вклучително и кај неа, предизвикало чувство на страв и несигурност.

Обвинети останаа: ексдиректорот на БЈБ, Митко Чавков, Митко Пешов, Душко Лазаров, Горан Ѓошевски Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Мунир Пепиќ, Абдулфета Аљими, Игор Дурловски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски Ќосето, Игор Југ, Влатко Трајковски, Вилијам Михајловски, Никола Митровски Кољо и Александар Василевски Нинџа.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико