Рускоска: Собранието нека му ја мисли ако избегаат Вељаноски и Димовски | Правдико

Правдико

   

Рускоска: Собранието нека му ја мисли ако избегаат Вељаноски и Димовски

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Обвинителката која го предводи Обвинителството за организиран криминал и која го застапува обвинението за 27 април, Вилма Русковска вчера изјави дека нема да бара мерки за следење за Трајко Вељановски и за Љупчо Димовски на кои Собранието не им го одзеде имунитетот.

-Ако избегаат, Собранието нека му ја мисли, изјави Русковска за Телма, и притоа не ги коментира случувањата во Парламентот, ниту пак дали ваквиот исход може да влијае на истрагите кои ги води обвинителството за организаторите на 27-ми април и за злоупотребите во земјоделството.

Претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев, вчера најави дека ќе се консултира со судиите како ќе се постапи во случајот со Вељаноски, иако призна дека во пракса повторни барања за одземање на имунитет на пратеник не се испраќани досега.

Извор: НоваТВ

Препорачуваме

Партнери на Правдико