Правдико

   

Рустеми: Јанева бараше да се утврди штетата во „Поштенска банка“ и да се затвори истрагата

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Обвинителот Бурим Рустеми од поранешното СЈО сведочеше денеска пред судот за случајот „Рекет“ каде обвинети се Бојан Јовановски и ексшефицата на СЈО Катица Јанева. Рустеми го водеше случајот „Поштенска банка“, а на прашање на обвинителката Гордана Смаќоска за патните исправи, тој се сети дека на сугестија на шефицата Јанева дал позитивно мислење да му биде вратен пасошот на Томе Главчев, кој дал гаранција од милион евра во машини за шиење кошули.

Тој пред судот изјави дека се посомневал во олеснителните предлози на неговата тогашна шефица кога обвинителката од СЈО Лиле Стефанова му рекла дека дознала дека еден од становите кој бил замрзнат како имот во постапката, треба да го земе поранешниот директор на МЕПСО Сашо Василевски.

„Во истрагата не ми се мешаше Катица Јанева. Но, по начелното правно мислење од Врховниот суд настана хаос. Тоа предизвика удар врз предметите на СЈО, меѓу кои беше и ‘Поштенска банка’. На состанок кај Катица Јанева, таа предложи да се утврди штетата во ‘Поштенска банка’ и да се затвори истрагата. Ова мене ме збуни. Во април 2019 година на колегиум Катица Јанева го повтори својот предлог, со наредба штета да се пресмета во ‘Поштенска’ и во ‘Империја’, без предлози за затворски казни. Ни го кажа тоа и го заврши состанокот”, рече Рустеми пред судот.

Тој, како што рече, не ја послушал Јанева и предложил ублажени затворски казни за предметот, адекватни на признание на вина со спогодба.

За случајот „Поштенска банка“ замрзнати беа имотите на двајца осомничени, Главчев и Димитровски.

За случајот „Рекет“ треба да сведочат и апелациската судијка Мери Дика – Георгиевска, водителката Лила Филиповска и шефицата на кабинетот на Јанева, Сања Димовска.

Судењето продолжува утре.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико