С.Арабија на чело на Комисијата при ОН за заштита на правата на жената | Правдико

Правдико

   

С.Арабија на чело на Комисијата при ОН за заштита на правата на жената

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Комисијата за статусот на жената при Обединетите Нации, која треба да се бори против половата нееднаквост, ќе ја предводи Саудиска Арабија, што наиде на жестоки реакции во јавноста.

Невладината организација ОН Воч (UN Watch), ја осуди одлуката донесена со тајнов гласање за време на Советот за економски и социјални прашања при ОН.

– Изборот на Саудиска Арабија да ги штити правата на жената е како да ставите пироман на чело на борбата со оган, изјави Хилел Ноер од организацијата.

Според него се работи за “апсурдна одлука“, бидејќи во Саудиска Арабија жените се дискриминирани, бидејќи секоја жена треба да има маж старател кој носи одлуки во нејзино име, со што практично жената е под контрола од нејзиното раѓање.

Во Саудиска Арабија, исто така на жените не им е дозволено да возат автомобил.

На Глобалниот индекс за правата на половите, Саудиска Арабија е рангирана на последните места, каде што правата на жените се во постојана загрозеност.

Извор: Нова тв

Препорачуваме

Партнери на Правдико