Правдико

   

Саботирање на судството

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Против романскиот премиер Виктор Понта не треба да има натамошна истрага. Така сака Парламентот. Уште еднаш социјалистичките пратеници и нивните коалициони партнери одбранија една политичка величина од своите редови пред раката на правосудството. Обвинувањата за корупција, фалсификување и протежирање се отфрлени со политички потег. Дека со тоа повторно се доведува во прашање и онака фрагилната правна држава и правосудството се турка во длабока дупка, очигледно не го интересира никого во владиниот табор. Важно е само задржувањето на власта.

0,,18504661_303,00

Ништо не помогна ни моралистичкото подигање прст на новиот романски претседател Клаус Јоханис. На глуви уши наидоа и тивките предупредувања од западните партнери, кои постојано инсистираат на независноста на судството. „Перењето“ кое на Понта му беше обезбедено од неговите пријатели, е натамошен доказ оти мнозинството во Парламентот не се грижи многу за судството, моралот и одговорноста. Јоханис попусто бараше оставка на премиерот. Кликата околу Понта е посилна и тоа радо повторно го покажува. Не е првпат да се штитат политичарите од сопствените редови. Но, случајот Понта е поинаков. Тука свесно се врши саботирање на судството за да се обезбеди преживување на актуелниот премиер и системот кој тој го поддржува.

Фатален сигнал

Со гласањето во Парламентот, пратениците, 25 години по соборувањето на комунистичката диктатура, дадоа најлош можен сигнал за демократскиот развој на се‘уште младата ЕУ-членка Романија: политичарите стојат над законот и се неприкосновени. Работите се одвиваат по непотизам и според политички интереси и-точка!

Но, точката на случајот Понта не е ставена ни оддалеку. Од една страна романското правосудство, кое минатите години упорно и педантно истражуваше против актуелни и поранешни функционери, ќе ја продолжи работата. Еден поранешен премиер и повеќемина поранешни министри се осудени на казни затвор поради корупција. А листата на тековни истраги се‘уште е многу долга. Од другастрана Понта и неговите другари со сите средства ќе се обидат да го ослабат судството. Во Парламентот веќе е иницирана промена на казненото законодавство во нивна корист.

Контрапродуктивен потег?

Притоа, можеше се‘ да биде толку едноставно: Понта е невин? Нема проблеми! Парламентот на барање на обвинетиот можеше да изгласа укинување на неговиот имунитет, обвинувањата можеа да бидат расчистени, премиерот ќе се вратеше на својата функција како „чист човек“. Но, сега се случи сосем спротивно. Гласањето во Парламентот не ги зајакна само противниците на Понта во уверувањето за неговата вина. И во неговиот табор се слушаат критички тонови, еден коалиционен партнер дури бара и негова оставка.

Без оглед на заштитувачкото гласање на пратениците, за Понта воздухот станува се‘ поразретчен. В петок, 12.06.2015, либералната опозиција бара гласање доверба за неговата влада. Зад кулисите веќе неколку месеци „се работи“ на нови мнозинства. Дали тие вистински ќе бидат доволни за соборување на владата на Понта, останува отворено. Независно од парламентарните сопки, судството повторно ќе се зафати со случајот Понта. Во игра не е само иднината на еден одамна корумпиран политичар, туку пред се‘ веродостојноста на една европска правна држава.

Извор: Deutsche Welle

Партнери на Правдико