САД до Грција: Ве чекаат тешки времиња ако не се договорите со ЕУ | Правдико

Правдико

   

САД до Грција: Ве чекаат тешки времиња ако не се договорите со ЕУ

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

САД со предупредување до Грција дека ја очекуваат тешки времиња, ако не се договори со Европската унија во поглед на финансирањето на земјата.

greek-american

“Ако не се постигни договор со Грција доаѓаат тешки времиња за таа земја”, оценува министерот за финансии Јакоб Лев, во врска со телефонскиот разговор кој се водеше помеѓу Јакоб и грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис.ЕУ и дава на Атина време до петок да побара продолжување на меѓународната програма за помош, која се спроведува од  2010, а вклучува драстични мерки за штедење  кои новата грчка влада предводена од Сириза не сака да ги спроведува.

Во почетокот на февруари, претседателот на САД Барак Обама ја поддржа политиката на Сириза против мерките за штедење, велејќи дека врз Грција не треба да се врши притисок поради влошувањето на животниот стандард во земјата.

Извор: Indeks

Партнери на Правдико