САД и ЕУ: Нема услови за избори во април
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Во оваа фаза нема услови да се организираат избори на 24 април, изјави американскиот амбасадор Џес Бејли пред Владата на Република Македонија. Тој вели дека одреден напредок е направен, но дека се уште нема договор за медиумите, а има и извештаи за заплашување.
Бејли рече дека иако како можен датум за избори се споменува5 јуни, изборите треба да се одржат штом се создадат услови за фер, кредибилни и демократски избори, но дека одликата за избори треба да ја донесе Собранието.
Амбасадорот вели дека меѓународната заедница ги охрабрува сите политички лидери да останат целосно посветени на Договорот од Пржино. Тој рече дека политичките лидери имаат обврска да ја вратат земјата на евроатланскиот пат.
Извор: Радио Слободна Европа