САД и Куба разговараат за повторно отворање на амбасади | Правдико

Правдико

   

САД и Куба разговараат за повторно отворање на амбасади

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Кубанска делегација во петок е во американскиот Стејт департмент за разговори во врска со обновување на дипломатските врски со САД, за прв пат по 1961 – што е дел од иницијативата на претседателот Обама за прекин на ембаргото против Куба.

48C3EA25-925E-4726-A94A-AA0674E6716E_w640_r1_s

Висок претставник на Стејт департмент кажа дека петочната сесија ќе се фокусира само на правење тоа што треба да биде направено за отварање амбасади во Вашингтон и во Хавана, колку е можно побрзо. 

Претставникот рече дека обемот и начинот на тоа што ќе биде направено, зависи од тоа што ќе го донесат Кубанците на маса.

Претставникот исто така кажа дека дијалогот за почитувањето на човековите права ќе биде првата отворена конверзација  што САД ќе ја имаат со Кубанците по рестартирање на дипломатските врски.

САД поставија трговско ембарго на Куба во 1960 и ја затворија амбасадата една година подоцна откако комунистичкиот лидер Фидел Кастро ја соборил владата поддржана од САД.

Извор: Глас на Америка

Препорачуваме

Партнери на Правдико