САД им одговори на Русија и Кина: Гигантски план на Пентагон вреден 543 милијарди долари
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Роберт Ворк, заменик-министер за одбрана, ги повика оваа недела сојузниците во НАТО да развиваат и создадат иновативни оружја, нагласувајќи дека оваа решителна акција е потребна со цел да се биде чекор напред пред развојот на оружје на Кина, Русија и другите земји.
– Ние треба да се координираме и да соработуваме, да се избегне дуплирањето, да се зголеми борбената способност и да се стремиме кон иновации во технологијата, концептите, експериментирањето и воените игри – Ворк рече на конференцијата организирана од страна на Центарот за нова американска безбедност.
Грижата за развој на оружје во другите земји беше главната причина за буџетски план на Пентагон од 534 милијарди долари за фискалната 2016 година, кој го надминува 35 милијарди долари планот за воениот буџет предложен од Американскиот конгрес. Со ова ќе биде прекинато пет-годишното намалување на буџетот на американската војска, а претставници на Пентагон ќе го претстават својот план пред Конгресот во понеделник.
Ворк не сакаше да зборува за деталите на овој план, но рече дека буџетот ќе вклучува “значајни” инвестиции во системите за нуклеарна контрола на оружје од вселената, напредни сензори, проектили и интернет одбрани, како и беспилотни подводни возила, рударство во морето, оружје за брза реакција и напредни авионските мотори, моќни ласери и технологија на електромагнетни топови.
Заменик-министерот за одбрана објасни дека планот е овие земји да се справат со разни закани во различни региони и треба да ја зајакне соработката со приватните компании во областа на роботиката, автономни операции и други клучни технологии.
Компанијата “Локхид Мартин”, “Боинг” и други големи производители на оружје, од Пентагон во неколку наврати побараа поголеми инвестиции во клучните технологии. Еден од нив е на “икс-авион на новата генерација”, кој треба да ги наследи борбените авиони Ф-35.
Извор: Blic