САД ја проширија листата на земји кои не се справуваат со трговијата со луѓе | Правдико

Правдико

   

САД ја проширија листата на земји кои не се справуваат со трговијата со луѓе

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Соединетите држави додадоа две земји на својата годишна листа на држави кои не ги исполнуваат минималните стандарди за запирање на трговијата со луѓе, истовремено критикувајќи неколку сојузници на САД за заостанување во напорите. Во извештајот на американскиот Стејт департмент за трговија со луѓе во 2021 година, објавен на 1 јули, се додадени Малезија и Гвинеја-Бисао во списокот на најлошите престапници, приклучувајќи им се на 15 други земји, вклучувајќи ги Иран, Русија, Авганистан и Кина. Назначувањето ги става оние земји во ризик да изгубат одредена помош од САД.

Блиските сојузници на Вашингтон, како што се Израел, Норвешка, Португалија и Турција се најдоа на третото ниво на земји кои не се во согласност со меѓународните стандарди за борба против трговијата со луѓе. Државниот секретар Ентони Блинкен, кој го објави извештајот во Вашингтон, го опиша „нехуманиот циклус на дискриминација и неправди“ што според извештајот е влошено со почетокот на пандемијата на коронавирусот. Според извештајот, кој ги проценува напорите на 188 земји и територии за борба против трговијата со луѓе, пандемијата доведе до ризик од експлоатација повеќе милиони луѓе. „Владите низ целиот свет ги насочуваа ресурсите кон пандемијата, честопати на штета на напорите за борба против трговија со луѓе“. Турција е обвинета за обезбедување „оперативна опрема и финансиска поддршка“ на вооружената милиција во Сирија, која регрутира деца војници, што претставува кршење на Законот за спречување на децата војници. Авганистан и Пакистан исто така се со истото обвинение, што може да резултира со губење на американската воена помош за обука.

Извор: Радио слободна Европа

Препорачуваме

Партнери на Правдико