САД: Министерот за правда Сешнс ќе се изземе од сите „руски“ истраги | Правдико

Правдико

   

САД: Министерот за правда Сешнс ќе се изземе од сите „руски“ истраги

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Американскиот министер за правда Џеф Сешнс изјави во вторникот дека самиот ќе се изземе од сите одлуки и истраги на неговото министерство поврзани со кампањата за претседателските избори во 2016 година на коишто победи републиканскиот кандидат Доналд Трамп.

Џеф Сешнс, кој е обвинет дека лажел за контакти со рускиот амбасадор во Вашингтон, Сергеј Кислјак, изјави на прес-конференција дека „неколку седмици“ се консултирал со функционери во министерството за правда за тоа дали треба да се изземе од носењето одлуки во спорните прашања.

„Откако денеска одржав состаноци, одлучив да се изземам од сите сегашни или идни истраги и други дејствија поврзани со кампањата за претседателските избори“, рече Сешнс. Додаде дека таа негова одлука за изземање „не би требало да биде интерпретирана како потврда дека постојат такви истраги“.

Американскиот претседател Доналд Трамп претходно во Њупорт изјави дека има целосна доверба во новиот министер за правда Џеф Сешнс. Многу близок соработник на Трамп, кој меѓу првите му даде поддршка во текот на кампањата, Сешнс е обвинет дека ги криел своите контакти во јули и септември со рускиот амбасадор во Вашингтон.

Челничката на демократите во Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, го повика да поднесе оставка, откако медиумите во средата објавија дека Сешнс во постапката за именување ги затаил своите средби со рускиот амбасадор.

Дневниот весник The Washington Post, како и претходно во случајот на Мајкл Флин, во средата објави дека Сешнс минатата година во својата канцеларија одржал два состанока со амбасадорот Кислјак во моментот додеа, според американските разузнавачи, наводната руска кибернетичка кампања насочена на поткопување на американските избори била на врвот.

Ваквото откритие би можело да им даде нова сила на демократите кои повикуваат Конгресот да именува специјален обвинител кој би ја истражувал наводната улога на Русија во американскиот претседателски избори, за кои тврдат дека ги загубила нивната кандидатка Хилари Клинтон, токму поради вмешувањето на Русија, напиша Post.

Првиот советник на Трамп за национална безбедност, пензионираниот безбедносен генерал Мајкл Флин, минатиот месец отстапи од должноста откако беше пишувано дека разговарал за американските санкции со амбасадорот Кислјак пред Трамп да ја преземе функцијата и за тоа не го известил потпретседателот Мајк Пенс. Потоа медиумите објавија дека станува збор за план предложен од украински пратеници и политичари кои предлагале како да се укинат американските санкции против Русија, во врска со одредени постапувања  кои Москва треба да ги преземе во врска со украинската криза.

Во четвртокот на прашање на новинарите во текот на посетата на носачот на авиони „Gerald R. Ford“ во Њупорт Њуз во сојузната држава Вирџинија, претседателот Трамп одговори дека има целосна доверба во министерот за правда Сешннс и дека не е запознаен со контактите на Сешнс со русиот дипломат.

Кусо одговарајќи, Трамп, исто така, рече дека не мисли оти неговиот министер за правда треба да се изјаснува за неповикан да одговара во рамките на истрагата за наводното мешање на Русија, како и дека Сешнс веројатно чесно одговорил на прашањата од сенаторите. Сешнс, под заклетва, во текот на сослушувањето во сенатската комисија во јануари изјавил дека немал контакти со Русија.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико