Правдико

   

САД: Моторџиите од Тексас може да се соочат со смртни казни

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Околу 170 членови на ривалските моторџиски групи се обвинети за учество во организиран криминал и предизвикување крвопролевање по големите пресметки во тексашки ресторан , соопшти полицијата.

615692_bajkeri-01_ff

Во пресметката што се случи во неделата, загинаа девет лица, а повредени се 18, според агенцијата АФП.

Властите во градот Вако, кој се наоѓа во централниот дел на Тексас, изјавија дека тие се уште ги гонат невообичаено голем број осомничени по неделниот конфликт, кој започна во тоалетот на ресторанот “Твин Пикс”, а потоа се пресели на паркингот. Тие додаваат дека во пресметувањето на пет банди биле користени ножеви, ланци и пиштоли.

615209_teksas-obracun-ap_ff

– Во ресторанот се  избодени повеќе луѓе. Од друга страна, имавме луѓе кои се пукаа и кои се тепаа “- изјави портпаролот на полицијата   Патрик Свентон на прес-конференција.

615211_teksas-obracun-ap2_ff

 

Членовите на бандите може да се соочат со различни обвиненија, вклучувајќи и можни обвиненија за тешко убиство, за кое е предвидена смртна казна.

Партнери на Правдико