САД предупредуваат на руско влијание на Балканот | Правдико

Правдико

   

САД предупредуваат на руско влијание на Балканот

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Американската дипломатија периодов се почесто предупредува на зголемено руско влијание на Балканот. Американскиот помошник државен секретар задолжен за односи со јавноста, Даглас Френц, на дебата во Брисел вчера, како што јави МИА, ги предупредил земјите од Балканот, вклучително и Македонија, за како што рекол – она што доаѓало од Русија.

9631632A-830A-499C-A13A-6F883B546FC2_w640_r1_s

Френц посочил дека „очите на САД се фокусирани кон Балканот“ и дека „Американците се секогаш тука за да помогнат“.Тој додал дека како и другите земји кои ја опкружувале Русија и кои биле во сферата на нејзиното посакување и влијание и балканските земји требало да бидат загрижени за тоа што доаѓа од официјална Москва.

Ова е второ предупредување што доаѓа од американската администрација во краток период. Кон крајот на минатиот месец американскиот државен секретар Џон Кери зборувајќи пред поткомитетот на Сенатот за буџетот за наредната фискална година рече дека кога станувало збор за Србија, Косово, Црна Гора, Македонија и други – Грузија, Молдавија, Придњестровјето, тие се на линијата на огнот“.

Според професор Мерсел Биљали предупредувањата што доаѓаат од Соединетите Американски Држави укажуваат на реална можност од зголемено руско политичко, безбедносно и економско влијание на Балканот.

„По пропаѓањето на Јужниот тек практично и Русите немаат голем интерес тука, туку практично само сака да го држи како монета за поткусурување, значи за балансирање на интересите во однос на Украина и Крим“, вели Биљали.

Професорот Нано Ружин, пак, смета дека ваквите изјави се зачестени поради колебливото однесување на балканските држави во меѓународната политика, но и поради зголемените интереси на Русија. Тој нагласува дека официјална Москва во земјите што спаѓаат во првиот круг на нејзиниот интерес и каде што живее руско малцинство реагира и воено, но на друг начин се однесува кон земјите од Балканот.

„Тие ги нарекуваат држави од подалечен интерес, како што е на пример Србија, Црна Гора, Македонија итн., значи држави од Западен Балкан, коишто поседуваат одреден вид на чувствителност, на некој панславинизам. Инаку ако зборуваме за методите, за методологијата и за средствата на тоа поблиско комуницирање, секако во преден план тоа се економските средства , трговските средства, културолошките средства“, вели Ружин.

Покрај американската администрација за зголемено руско влијание на Балканот пред неколку месеци зборуваше и германската кацеларка Ангела Меркел која рече дека конфликтот во Украина може да прерасне во поголема спротивставеност.

Извор: Радио Слободна Европа

Партнери на Правдико