САД разочарани од пресудата за потпалувачите на Амбасадата во Белград | Правдико

Правдико

   

САД разочарани од пресудата за потпалувачите на Амбасадата во Белград

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Американската амбасада во Белград е зачудена што во судскиот процес за палење на амбасадата во 2008 година никој од обвинетите не е осуден на затворска казна.

„Тешко е да се сфати дека беа потребни 9 години за да се дојде до ваква пресуда во случај во кој е предизвикана штета на имот од речиси половина милион долари и во кој едно лица почина“, се наведува во соопштението.

Во него се додава дека, според меѓународното право, земјата домаќин е одговорна да ги штити странските дипломатски претставништва и дека српската полиција се повлекла од своите вообичаени пунктови во близина на Амбасадата на САД во Белград само неколку моменти пред нападот.

Вишиот суд во Белград ги осуди на условни казни затвор од пет до шест месеци четворицата обвинети за палење на американската амбасада во Белград во 2008 година за време на протестите по прогласувањето независност на Косово, а тројца се ослободени од обвинението.

Казните нема да се извршат доколку осудените не извршат ново кривично дело во рок од две години.

Осудените се прогласени виновни затоа што ја гаѓале со камења Амбасадата на САД, при што ги искршиле прозорците, а потоа фрлиле факли низ прозорците, по што бил предизвикан пожар, наведе судот во образложението на пресудата.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико