САД: Републиканците го блокиираа донесувањето на построг закон за купување оружје | Правдико

Правдико

   

САД: Републиканците го блокиираа донесувањето на построг закон за купување оружје

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

sad_oruzje_epa_prodavnicaПретставничкиот дом на САД, каде што мнозинството се републиканци ги блокира напорите на демократите да се донесат построги закони за контрола на оружјето, особено по масовните убиства во САД.

Со надгласувањето се стопија напорите на лидерот на демократите Ненси Пелоси да донесе закон со кој владата на лицата осомничени за тероризам ќе им забрани легално купување оружје.

“Шокантно е за американскиот народ, Конгресот не сака да им забрани купување оружје на оние кои се на листата на ФБИ како потенцијални терористи”, рече Пелоси.

Исто така посочи дека е “срамно” што Конгресот не направи ништо по пукањето во кој загинаа дваесет деца во училиште во Конектикат, пред три години.

По неодамнешните масовни убиства во Калифорнија, каде што брачениот пар уби 14 луѓе, а во Колорадо, каде што еден човек застрела три лица во клиниката за новороденчиња, ги потикнаа демократите да размислуваат за построга контрола на оружјето.

Демократите се обидуваа да добијат поддршка од републиканците, кои имаат мнозинство во двата дома, за нивниот предлог за заострување на законите за добивање оружје.

Републиканците велат дека се спротивставуваат на законот, бидејќи невини луѓе би можеле погрешно да се најдат во листата на осомничени лица, а со тоа би им се скратило нивното уставно право да купат оружје.

Демократите не се откажуваат од предлогот и започнаа со собирање потписи за петиција.

Препорачуваме

Партнери на Правдико