САД: Уапсени повеќе од 40 мафијаши | Правдико

Правдико

   

САД: Уапсени повеќе од 40 мафијаши

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

fbi-epa-mainУапсените се обвинети за водење на криминална организација која оперира од Масачусетс се до Флорида.

Канцеларијата на американскиот државен обвинител соопшти дека покрена обвинение против 46 наводни мафијаши, по нивното апсење оваа недела во координирани акции на американското Федерално биро за истраги (ФБИ) по целиот источнен брег на САД.

Уапсените се обвинети за водење на криминална организација која се занимава со изнуди, подметнување пожари, измами, нелегално коцкање, трговија со оружје и физички напади.

Полицијата се сомнева дека уапсените се поврзани со мафијашките семејства во Њујорк со сицилијански корени – Геновезе, Гамбино, Лучесе и Бонано, како и со криминални групи од Филаделфија.

Оваа акција на ФБИ откри дека италијанската мафија е и то како активна и во 21 век, и не е само дел од холивудските филмови.

Најмалку 39 осомничени лица беа уапсени вчера, а три се веќе во притвор.

Препорачуваме

Партнери на Правдико