САД воведоа финансиски санкции против диктаторот Мадуро
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.САД воведоа правни и финансиски санкции без преседан против Николас Мадуро, претседателот на Венецуела и го нарекоа “диктатор”. Ова е одговор на изборите во неделата во оваа земја кога загинаа десетици лица.
“Нелегитимни избори од вчера потврдуваат дека Мадуро е диктатор кој ја презира волјата на народото на Венецуела”, изјави американскиот министер за финансии Стивен Мнучин преку соопштение и најави замрзнување на сите сметки и имоти на Мадуро во САД.
“Со санкциите против Мадуро САД јасно ставаат на знаење дека им се спротивставуваат на политиките на Мадуро и неговиот режим и ја покажуваат поддршката на народот на Венецуела кој бара во земјата да се врати целосната и просперитетна демократија”, додаде тој.
Ова е за прв пат американската администрација толку отворено да го нападне Мадуро нарекувајќи го “диктатор”.
Извор:НоваТВ.мк