„Сајли имате ли?“, го прашува Јанакиески ексдиректорот на ЕЛЕМ за „Космос“ | Правдико

Правдико

   

„Сајли имате ли?“, го прашува Јанакиески ексдиректорот на ЕЛЕМ за „Космос“

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во прислушуваните материјали за случајот ТНТ, кои денеска се слушаат во кривичниот суд, има и разговор меѓу ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и Влатко Чинговски, ексдиректорот на ЕЛЕМ. Јанакиески му барал сајли од ЕЛЕМ за да ги сечат столбовите на деловниот комплекс „Космос“ на Фијат Цаноски . Поранешниот министер во еден од разговорите на Чинговски му вели: „Сајли имате ли? Нешто влечеме, праиме? Сајла за влечење столбови…“

На 4 август 2011 година Чинговски му потврдува на Јанакиески дека обезбедил две сајли од ТЕЦ „Осломеј“: „Еве сега ги пакуваат таму, бараат шофер и ќе ги донесе“. Притоа Чинговски вели дека сајлите биле по 40 метри.

Во друг разговор Миле Јанакиески и поранешниот премиер, Никола Груевски, разговараат за нон пејпер за да се оправдаат пред странците за уривањето на објектот. Миле Јанакиески и Никола Попоски на 4 август 2011 година разговараат и за содржината на нон пејперот. Попоски вели дека содржината на документот е во ред. „Мислам дека баш така треба да им се одговори“, вели Попоски.

За содржината на документот биле запознати и Никола Груевски, Гордана Јанкулоска, Никола Тодоров и ексвладиниот портпарол, Александар Ѓорѓиев.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико