Сакал да подмити цариник со 500 денари за да пренесе птица преку граница | Правдико

Правдико

   

Сакал да подмити цариник со 500 денари за да пренесе птица преку граница

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Жител на село Звегор, Делчевско, со 500 денари сакал да подмити цариник на граничниот премин Делчево за да внесе жива птица од Бугарија во земјата за која немал дозвола.

Според информациите на МВР, завчера на влез во земјата од страна на царинскиот службеник при контрола на возило управувано од Д.Г. (55) од село Звегор, Делчевско, била пронајдена жива птица, при што на Д.Г. му било укажано дека доколку не поседува документи за птицата, треба да ја врати назад во Бугарија.

При евидентирањето во царинската евиденција, цариникот забележал дека во патната исправа на Д.Г. биле ставени 500 денари. По ова, Д.Г. бил приведен.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико