Саљији–Раснач: Меморандум за соработка помеѓу Министерствата за правда на Македонија и Латвија
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Меморандум за соработка помеѓу министерствата на двете земји потпишаа денеска министерот за правда, Билен Саљији, и министерот за правда на Република Латвија, Џинтарс Раснач.
Од министерството информираат дека споделувајќи заеднички европски вредности во духот на соработка и заемна доверба, имајќи ги предвид интересите за размена на знаење и искуство во областите правда и правосудство и разбирајќи ја важноста на меѓународната соработка, двете министерства склучиле меморандум за соработка со кој ги договориле областите и облиците на соработка, како и дефинирање на начинот на соработка помеѓу двете институции.
Соработката се однесува на размена на искуства и најдобри пракси за усогласување на националното законодавство со меѓународните и европските стандарди, поддршка на процесот на пристапување на Република Македонија во Европската Унија, модернизација на правосудството и судската администрација, едукација и обука на професионалците од правосудството и судиите, подобрување на активностите во областа на пенитенцијарниот систем, ефикасно управување со пробацискиот систем вклучително и развивање ефикасни алтернативни мерки и пробациски систем, како и други области кои се од заемен интерес
По потпишувањето на меморандумот за соработка, министерот за правда, Саљији ќе се сретне со директорот за Управата за затвори на Република Латвија и ќе оствари посета на Центарот за зависности при Затворот Олаине, во рамки на дводневната посета на Рига.
Извор: Макфакс