Самит ЕУ-САД: Анексијата на Крим е срам за 21 век | Правдико

Правдико

   

Самит ЕУ-САД: Анексијата на Крим е срам за 21 век

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

На самитот ЕУ-САД, кој се одржа во Брисел, главна тема на разговорите помеѓу лидерите на Европската унија и американскиот претседател Барак Обама беа настаните во Украина и Русија. Обама нагласи дека Соединетите Американски Држави и останатите земји членки на групата Г-7, се максимално обединети што се докажало со воведувањето на санкции кон Русија, како и со исклучувањето на оваа земја од Г-8.

obama_press_conf

„Доколку Русија продолжи по својот моментален пат, изолацијата ќе се продлабочи и ќе има поголеми санкции кон руската економија. Ова ја рефлектира посветеноста кон целта што со децении ги доближувала САД и Европа, а тоа е целосна и слободна Европа во која владее мир“, изјави Барак Обама – претседател на САД.

Европските лидери нагласија дека ЕУ и САД максимално ја поддржуваат Украина и нејзиниот народ и руската анкесија на Крим ја нарекоа срам за 21 век, а Однесувањето на Русија го оценија како крајно неприфатливо.

„ Ние сме одлучни не само да ја штитиме и поддржуваме независноста и просперитетот на Украина, но и да покажеме дека однесувањето на Русија е неприфатливо и не смее да продолжи“, изјави Жозе Мануел Баросо – претседател на Европската комисија.

На состанокот освен за украинската криза стана збор и за енергетската безбедност и енергетска соработка меѓу Европа и САД, која треба да се финализира преку потпишување на Трансатлантскиот договор.

Извор: 24 Вести

Препорачуваме

Партнери на Правдико