Самит на ЕУ: Брисел ќе и додели 700 милиони евра на Македонија за бегалците
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Лидерите на ЕУ донесоа одлука да им доделат финансиска помош на Македонија и Турција за справување со напливот на бегалци, соопшти претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер по завршувањето на Самитот на Унијата, што траеше до раните утрински часови.
Со оваа одлука, ЕУ ќе и додели 700 милиони евра на Македонија и една милијарда евра на Турција.
Покрај ова, лидерите на ЕУ решиле да одделат и 100 милиони евра итна помош за земјите-членки на Унијата кои во најголема мерка се судираат со бегалскиот бран, како и 600 милиони евра за потребите на Европската агенција за обезбедување на границите Фронтекс и за Европол за следната година.
Претседатлот на Европскиот совет, Доналд Туск пак информира дека лидерите на ЕУ решиле да одделат и доплнителни една милијарда евра за помош на сириските бегалци згрижени во земјите од Блискиот Исток.
Овие средства ќе им бидат исплатени на Светската програма за храна и на Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР).
Решено е и до крајот на ноември на надворешните граници на ЕУ да почнат да функционираат центри за прием и регистрација на бегалци, истакна Туск, додавајќи дека се очекува во следниот период околу еден милион имигранти да се обидат да влезат во Европа.
Извор: Утрински Весник