Санкции доколку договорите од Минск не се почитуваат | Правдико

Правдико

   

Санкции доколку договорите од Минск не се почитуваат

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Предупредување од Франција и Германија, повикувајќи на почитување на прекинот на огнот во источна Украина.

BF27E1DA-9E28-496D-852B-D74C00FEBF0F_w640_r1_s

Франција и Германија повторно повикаа на почитување на прекинот на огнот во источна Украина и повлекување на тешкото оружје.

За време на прес-конференција во Париз, францускиот претседател Франсоа Оланд и германската канцеларка Ангела Меркел, предупредија на санкции доколку договорите од Минск за стабилизирање на Украина, не се целосно имплементирани, а прекинот на огнот не се почитува.

„Заедно со канцералката Меркел сме се` поубедени дека договорите постигнати во Минск, мора да се почитуваат, и тоа сите, без исклучок, што значи дека примирјето мора да се почитува, што се` уште е под закана и се прекршуваше неколку пати. Ова особено важи за Дебалтсево изминативе неколку дена“, изјави Оланд.

Секоја од земјите коишто не успеале да ги почитуваат договорите од Минск, се доведуваат во ризик од санкции, кажа францускиот лидер.

Оланд и Меркел, заедно со претседателите на Украина и Русија, договорите ги потпишаа на 12-ти февруари, со цел да донесат мир и стабилност во источна Украина, почнувајќи со одржлив прекин на огнот.

Прекинот на огнот што стапи на сила пред пет дена беше на неколкупати прекршуван, а инволвираните страни меѓусебно ја префрлаа вината.  Украина, од своја страна вели дека бунтовниците го прекршиле договорот за прекин на огнот 50 пати.  Бунтовниците го порекнуваат тоа, велејќи дека украинските трупи го прекршиле прекинот на огнот 20 пати последниве 24 часа.

Извор: Глас на Америка

Партнери на Правдико