Санкционирани 245 возачи во Скопје | Правдико

Правдико

   

Санкционирани 245 возачи во Скопје

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 245 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 31 санкција, 23 за возење без возачка дозвола, 14 за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени се 19 санкции за користење мобилен телефон, 11 за непочитување првенство на минување, пет санкции за некористење сигурносен појас и 88 за непрописно паркирани возила.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за зголемување на безбедноста во сообраќајот.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико