Санкционирани 42 возила што вршат јавен превоз, 22 со неисправни сопирачки | Правдико

Правдико

   

Санкционирани 42 возила што вршат јавен превоз, 22 со неисправни сопирачки

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (27 јануари) од 8 до 12 часот, спроведе акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници, пред се автобуси и комбиња.

При контролата, откриени и санкционирани се 42 технички неисправни возила, од кои 22 имале неисправен уред за запирање, 6 неисправен уред за управување итн. Од овие 42 прекршоци, 11 биле констатирани на територија на СВР Тетово, 10 на територија на Скопје… Возилата се исклучени од сообраќај и ќе следуваат соодветни поднесоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Препорачуваме

Партнери на Правдико