Правдико

   

Санкционирани технички неисправни возила кои вршат јавен превоз на патници

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Вчера, (30.08.) во периодот од 10,00 до 14,00 часот, од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје беше спроведена акциска контрола на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје со цел откривање, документирање и санкционирање на прекршоци во поглед на техничка исправност на возилата кои вршат јавен превоз на патници.

При акциската контрола контролирани се 110 автобуси и други возила кои вршат јавен превоз. При контролите констатирани се неправилности: неисправен уред за кочење, неисправни светлосно сигнални уреди, неисправен уред за управување, непродолжена регистрација и недостатоци на опрема.

25 возила кои вршат јавен превоз на патници се упатени во станица за технички преглед на дополнителни проверки. Преземени се вкупно 33 мерки за сторени прекршоци, односно издадени се 15 прекршочни платни налози, 12 возила се исклучени од сообраќај и поднесени се шест барања за поведување на прекршочна постапка.

Партнери на Правдико