Сараево: Забранa за сообраќај поради загаденоста на воздухот | Правдико

Правдико

   

Сараево: Забранa за сообраќај поради загаденоста на воздухот

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во Сараево забрането движење на автомобили чии мотори имаат стандард помал од ЕУРО 3, а исто така и ограничено движење на товарни возила.

sarajevo-smog-magla-ajb-main

Владата на Сараевскиот кантон усвои план за итни мерки поради прекумерното загадување на воздухот.

Новата мерка забранува движење на автомобили чии мотори имаат стандард помал од ЕУРО 3, а министерството за внатрешни работи ја зголемува контролата.

Ова не се однесува на инспекциските возила, министерството за одбрана, градски јавен превоз, комунални претпријатија, брза помош, пожарникари и дипломатски возила.

Се забранува сообраќајот за товарни моторни возила со вкупна тежина од повеќе од три и пол тони, освен за период од 10 до 15 часот и од полноќ до шест часот наутро.

Ова не се однесува на јавниот превоз, амбулантните комбиња и доставувачите на прехранбени производи.

Партнери на Правдико