Саркози мора на суд поради финансирање на кампањата | Правдико

Правдико

   

Саркози ќе одговара на суд поради незаконско финансирање на кампањата

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Францускиот суд донесе одлука дека поранешниот претседател на Франција, Никола Саркози мора да одговара на суд поради истрагата во врска со финансирањето на изборните кампањи, се дознава денес од судски извори.

На Саркози, кој се повлече од политичкиот живот во ноември, по неуспехот на изборите во партијата пред претседателските избори годинава, ќе му се суди за наводно фалсификување финансиски документи.

Тој е обвинет поради прекумерното трошење на средства и надминување на законскиот максимум од 22,5 милиони евра, што тој постојано го негираше.

Обвинителството во Париз побара во септември да се покрене кривична постапка против поранешниот француски претседател.

Обвинителството потоа побара од истражниот судија да го испита Саркози и 13 други лица поврзани со случајот.

Според одлуката на судијата од петокот, сите 14 обвинети ќе треба да одат на суд, според извори од француското судство.

Саркози во 2012 година изгуби на изборите од Франсоа Оланд, кој оваа година нема да се кандидира.

Препорачуваме

Партнери на Правдико