Саркози размислува да распише референдум за излез од ЕУ, ако биде избран за претседател | Правдико

Правдико

   

Саркози размислува да распише референдум за излез од ЕУ, ако биде избран за претседател

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

sarkosiПоранешниот претседател на Франција Никола Саркози не ја исклучува можноста да распише референдум за излез на земјата од ЕУ во случај ако повторно биде избран за шеф на државата, јави телевизијата „Бе-Еф-Ем“.

Не исклучувајќи го одржувањето на плебисцит, Саркози наведе дека повеќе сака да зборува за реформите во ЕУ и посебно за француско-германското регионално лидерство, чиј концепт има намера да му го предложи на Берлин.

Саркози, кој се наоѓаше на чело на Франција од 2007 до 2012 година, претходниот месец соопшти дека има намера да се кандидира на претседателските избори во 2017 година.

Месецов, лидерот на партијата Национален фронт, Марин ле Пен, вети дека ќе распише референдум за членството на Франција во ЕУ доколку ја изберат за претседател во 2017 година.

Ле Пен изјави дека Франција има многу повеќе причини за излез од ЕУ од Велика Британија.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико