„Саса“ ќе плати казна од најмногу 100.000 евра за истекувањето јаловина во реката Каменица
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Министерството за животна средина и просторно планирање, во врска со истекувањето јаловиштен материјал од рудникот „Саса“ во Каменичка Река, информира дека Државниот инспекторат за животна средина изврши вонреден инспекциски надзор.
„Во согласност со извештајот од направениот увид на водостопанскиот инспектор на ДИЖС во правното лице ‘Рудник Саса’, направен е теренски увид со фотографирање и увид во документацијата. Притоа се констатира дека во раните утрински часови во 5.45, па се до 7.15 часот, се случило плакнење јаловиштен песок од 3.000 m3 од хидројаловиштето бр. 4 поради контактна филтрација во десниот крак. Овој материјал разлеан со вода од реката Каменица довел до наполнување на зафатот на малата хидроелектрана и на речното корито на реката притоа загадувајќи ја со јаловиштен материјал од хидројаловиштето бр. 4, кое било и се гради од песок на хидроциклони со насипување во влажна состојба“, се вели во извештајот.
Извор: Макфакс