Сашо Василевски излегува од куќен притвор
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Василевски, излегува од куќен притвор и ќе може да гласа за уставните измени во Собранието. Василевски, кој е обвинет за настаните од 27 април во Собранието, ќе се брани од слобода со гаранција од приближно 400 илјади евра, одлучи кривичниот совет на скопска единица.
„Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по предлог на одбраната С.В., обвинет во предметот КОК бр. 40/18 поврзан со настаните од 27.04.2017 година во Собранието на РМ, по претходно дадено позитивно мислење од надлежното обвинителство, донесе решение со кое ја уважи понудената гаранција во недвижен имот и ја укина мерката куќен притвор, а заради обезбедување присуство во текот на постапката му определи мерки за претпазливост и тоа обврска на обвинетиот повремено да се јавува на овластено службено лице во судот во Охрид и привремено одземање на патната исправа, како и забрана за издавање нова“, пишува во соопштението на кривичен.
Василевски претходно како осомничен за настаните во Собранието на Република Македонија од 27 април 2017 година беше во затворот во Шуто Оризари, но пред пола година Врховниот суд одлучи дел од осомничените, односно ексминистерот за внатрешни работи Митко Чавков, пратениците Крсто Мукоски, Сашо Василевски, како и на Душко Лазаров и Митко Пешов, мерката притвор им ја замени со куќен притвор. Василевски во затворот во Шуто Оризари беше од 28 ноември минатата година, па до 26 март годинава.
Тоа значи дека Василевски ќе може да присуствува на собраниската седница кога ќе се гласаат уставните измени. В четврток на јавна седница во скопска Апелација да се брани од слобода ќе бара и Јане Ченто.
Извор: Макфакс