Саудиец осуден на смрт за одрекување од муслиманската вера | Правдико

Правдико

   

Саудиец осуден на смрт за одрекување од муслиманската вера

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Исламскиот суд во Саудиска Арабија осудил на смрт саудиски државјанин, затоа што се „одрекол“ од муслиманската вера, пишува весникот „Сауди газет“ кој излегува во Ријад на англиски јазик.

saudiec

Весникот не го споменува идентитетот на осудениот, освен што вели дека станува збор за млад човек на дваесетина години.

Осудениот сега се соочува со отсекување на главата, на јавно место, зато што на интернет објавил снимени сцени од распарчување на светата муслиманска книга, Куранот, како и од удирање на книгата со чевел.

Ваквата постапка се смета за „смртен грев“ и за најстрого казниво кривично дело, па саудискиот весник забележува дека мали се шансите, овој човек да го одбегне извршувањето на казната.

Саудиска Арабија се смета како родното место на исламот. Затоа во кралството се следат строгите образовни правила, предвидени од вахабитите, сунитски муслимани и му се дозволува на исламското свештенство да има контрола врз правосудниот систем.

Според интерпретацијата на вахабитите, на исламското, шеријатско право, смртна казна следи за низа религиозни престапи, како на пример, за волшебништвото или за правењето магии, додека долга затворска казна, како и јавно тепање,за навреда на врховното исламско свештенство.

Владата на Саудиска Арабија се обидува да изврши рефрмирање на својот правосуден систем, но владата во Ријад често вели дека тамошниот правосуден систем е правичен.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико