Саудиска Арабија блокираше 5,5 милиони интернет страници | Правдико

Правдико

   

Саудиска Арабија блокираше 5,5 милиони интернет страници

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Саудиските власти за помалку од 10 години блокираа повеќе од 5,5 милиони интернет страници.

Комисија за комуникации и информатичка технологија на Саудиска Арабија соопшти дека повеќе од 90 проценти од сајтовите не се дозволени поради порнографска содржина, пишува Анадолија.

Во соопштението се истакнува дека во изминатите 12 месеци блокирани се повеќе од 900.000 веб сајтови.

Комисија за комуникации и информатичка технологија објави дека ќе продолжи со борбата против интернет страниците кои се шират  порнографија и претставуваат закана за децата.

Оваа саудиска институција подготвува специјален нацрт-закон со цел ефикасно да се контролира содржината на интернет.

Саудиска Арабија има три големи мобилни и интернет оператори и, според последните податоци, Интернетот во земјата го користат 47 отсто од населението.

Извор: Нова Македонија

Партнери на Правдико