Правдико

   

СДСМ најавува разрешување на судиите чии предмети застариле

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Приоритет на новата Влада предводена од СДСМ е прочистување на правосудството, со комплетна и темелна проверка на имотот и материјалната состојба на секој судија и обвинител, најавуваат од партијата.

Судиите и обвинителите имаат обврска да испорачаат владеење на правото во кое законот е еднаков за сите, а судството мора да се прочисти, за чесните да можат да ги гонат сите кои се огрешиле пред законот.

Судиите кои застаруваат предмети ќе бидат разрешени по автоматизам. Ќе биде извршена темелна ревизија на 5% од сите судски пресуди во последните 5 години, по случаен избор. Следува разрешница на сите предмети отворени од Специјалното јавно обвинителство“, се наведува во соопштението од СДСМ.

Оттаму додаваат дека за граѓаните, за иднината на државата важно е да функционира силна ефикасна правна држава која бескомпромисно ќе се бори против криминалот и корупцијата, па затоа, велат, обезбедуваат систем на прочистување на судството, за никогаш повеќе да не се избираат судии од нечиј тефтер, да не се носат судски пресуди по телефон, а политичари да диктираат обвиненија.

Извор: НОВАТВ

Партнери на Правдико