СДСМ под реден број 19, а ВМРО-ДПМНЕ со број 7 – утврден редоследот на партиите на гласачките ливчиња: | Правдико

Правдико

   

СДСМ под реден број 19, а ВМРО-ДПМНЕ со број 7 – утврден редоследот на партиите на гласачките ливчиња:

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Владејачката партија СДСМ на претстојните локални избори ќе настапи со број 19, а најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ под бројот 7.

Алијансата на Албанците ќе настапи под бројот 9, УНИТЕТИ и НДП под редниот број 2, Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ под 13, движењето БЕСА под број 14, ДУИ на избирачкото ливче ќе се најде под реден број 3, ДПА ќе биде под број 15, ГРОМ под број 12, Левица е на реден број 16, НДМ на Јанко Бачев, ќе се најде под реден број 6.

Први на изборната листа ќе бидат Социјалдемократската партија на Македонија, Партијата за демократски просперитет под реден број 17, партијата на Амди Бајрам, Сојузот на Ромите ќе се најде на број 18.

ДУИ, БЕСА и Алијансата за Албанците на изборите ќе настапат заедно на две места, во Охрид и Битола, под број 4.

На локалните избори ќе учествуваат 20 политички партии и коалиции и 63 независни кандидати.

Извор: Макфакс

 

Партнери на Правдико