СДСМ поднесе иницијатива за продолжување на Конститутивната седница | Правдико

Правдико

   

СДСМ поднесе иницијатива за продолжување на Конститутивната седница

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Иницијатива за продолжување на Конститутивната седница на Собранието со пратенички потписи денеска е упатена до поранешниот спикер Трајко Вељаноски, кој претседаваше со конститутивната седница.

Потоа Вељаноски би требало да свика координација да се прецизира составот на комисијата за избори и именувања, како и текот на седницата. Според најавите, планот е да биде функционално Собранието и избран претседател да го дочека еврокомесарот за проширување.

Од ВМРО ДПМНЕ веќе најавија дека немаат намера да го блокираат изборот на нов претседател.

Од Кабинетот на Вељановски велат дека нема рок до кога најдоцна треба да биде закажана седницата бидејќи не се работи за нова туку за продолжување на конститутивната. Доколку Вељановски тактизира и не свикува седница, според Деловникот на Собранието, тоа може да го стори највозрасниот пратеник, во конкретниот случај Бранко Манојловски од ДУИ.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико