Се бара истрага против Горбачов за распаѓањето на советскиот сојуз | Правдико

Правдико

   

Се бара истрага против Горбачов за распаѓањето на советскиот сојуз

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Петмина руски пратеници побараа судска истрага против последниот советски претседател Михаил Горбачов, поради распадот на Советскиот сојуз во 1991 година, како и поради одговорноста, што според нив, тој ја сноси за сегашната криза во Украина.

95AB589D4DD066448C6FE12C40F2AFBB
– Сите смртни случаи во Киев се на совест на оние, кои беа во Кремљ во 1991 година и кои ја разурнаа таа голема земја, изјави пратеникот националист Михаил Дегтјаров, имајќи ги предвид загинатите во протестите во Украина.

Дегтјаров е еден од пратениците, кои го потпишаа парламентарното барање упатено до судот за покренување истрага против Горбачов. Останатите потписници на иницијативата се двајца пратеници од партијата на претседателот Владимир Путин, Единствена Русија и двајца од Комунистичката партија.

Како одговор на барањето 84-годишниот Горбачов препорача да биде побарана одговорноста на пратениците во советскиот Парламент, кои гласале за распадот на Советскиот сојуз.

– Нема потреба од истрага: Думата, која гласаше за таа одлука, треба да се качи на воз за Магадан, изјави иронично Горбачов.

Магадан е далечен источен регион во Русија, познат по затвореничките кампови за противниците на советскиот режим.

Препорачуваме

Партнери на Правдико