Се формира нов суд за злосторства на Косово во периодот 1998-2000 година | Правдико

Правдико

   

Се формира нов суд за злосторства на Косово во периодот 1998-2000 година

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

ЕУ заедно со неколку држави членки подготвила нацрт на статут за нов трибунал кој ќе биде лоциран вон Косово со цел судење по обвинувања за злосторства извршени во Косово во периодот 1998-2000 година опишани во извештајот на известителот на СЕ Дик Марти, објави денеска весникот Трибуна.

kosovoСедиштето на судот според весникот ќе биде вон Косово и косовскиот судски систем за да се обезбеди независност, брзо и праведно процесуирање, но и заради безбедносни ризици.

Новиот трибунал, според копијата во која имал увид весникот, се формира на барање на Владата. За да профункционира мора да добие согласност од две третини пратеници.

Ќе биде надлежен за случаи на злосторства во периодот 1998-2000 година, а врз основа на извештајот на Марти. Тој во извештајот изнесе обвинувања против поранешни шефови во ОВК меѓу кои и актуелниот косовски премиер Хашим Тачи за трговија на органи на Косово, а се споменуваат и трговија со дрога, оружје, цигари како и киднапирања и убиства, јави Танјуг.

Извор: 24Вести

Партнери на Правдико