Се истражува случајот на криумчарање мирганти откриен по сообраќајка | Правдико

Правдико

   

Се истражува случајот на криумчарање мирганти откриен по сообраќајка

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција истражува случај на криумчарење мигранти откриено, по случена сообраќајна незгода во Струмица, соопштено е во вторникот.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во координација со Основното јавно обвинителство Струмица, презема дејствија за расветлување и документирање на кривично правниот настан со елементи на кривично дело -Криумчарење мигранти од чл.418-б и кривично дело Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од чл.300 од Кривичниот законик.

Имено, во понеделникот се случи сообраќајна несреќа во Струмица, кога македонски државјанин управувајќи патничко моторно возило, ја изгубил контролата на управување над возилото и излетал од патот удирајќи во столб од улично осветлување.

Меѓутоа, при вршење на увид на лице место за случената сообраќајна незгода, полициските службеници констатирале дека патници во возилото се шест мигранти, со што е утврдено сторено кривично дело Криумчарење на мигранти за кое Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поведе постапка.

Во тек е преземањето на активности за утврдување на фактите во предметот, меѓу нив и вршење на распит на мигрантите кои се учесници во сообраќајна незгода.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико