Се истражува сообраќајната несреќа на магистралниот пат Градско – Прилеп во која едно лице го загуби животот | Правдико

Правдико

   

Се истражува сообраќајната несреќа на магистралниот пат Градско – Прилеп во која едно лице го загуби животот

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

javno-obvinitelstvo-skopjeСообраќајната незгода е случена на 31 мај 2015 година, околу 22:50 часот на Магистралниот пат А1, делница Градско –Прилеп, раскрскица кај с. Сирково, непосредно пред Бензиска пумпа Црна река Петрол.

Се работи за возило марка БМВ 320 кое според првични сознанија било управувано од сега починатото лице, родено 1993 година. Во возилото, покрај возачот имало уште двајца сопатници.

Надлежен јавен обвинител го изврши Увидот во присуство на полициски службеници на ПС ОН Кавадарци и крим техника од ПС ОН Неготино. Беше извршено мерење, скицирање, фотографирање и беа подигнати траги од местото на настанот. Јавниот обвинител даде наредба да се прибави крв од сите тројца учесници заради понатамошни анализи за присуство на алкохол во крвта.

Надлежниот обвинител издаде и наредба за  да се обезбди ЦД снимка од видео надзор од бензинската станица во близина на местото на несреќата и наредба возилото да се однесе на технички преглед.

Истрагата продолжува во насока на расветлување на причините за сообраќајната несреќа

Препорачуваме

Партнери на Правдико