Правдико

   

Се избира судија од Македонија во Европскиот суд за човекови права

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

ECHR 1Во Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) во вторникот започна гласањето за избор на судија од Република Македонија во Европскиот суд за човекови права, пренесува агенцијата МИА од Стразбур.

Парламентарците од 47 земји членки на Советот на Европа се повикани со гласачо ливче до 17 часот да изберат меѓу Наташа Габер-Дамјановска, Јован Илиевски и Звонимир Јанкуловски.

Комисијата за избор на судии при ПССЕ, претходно ги разгледа кандидатурите на сите тројца кандиати доставени од Република Македонија, на состанокот одржан на 29 и 30 септември 2016 година во Париз, каде имаше и разговори со кандидатите. Комисијата до останатите членови на ПССЕ, со тесно мнозинство од гласови предност и даде на Наташа Габер-Дамјановска, како најквалификуван кандидат предложен од Македонија, пред Јован Илиевски.

Третиот кандидат Звонимир Јанкуловски, не доби препорака од Комисијата на ПССЕ.

Гласањето за судиите е тајно и првиот круг ќе биде затворе во 17 часот, по што ќе се пребројуваат гласовите. Во случај никој од канидатите да не добие апсолутно мнозинство на гласовите, вториот круг е предвиден за во среда.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико