Се изготвува нов правилник за препознавање на говорот на омраза | Правдико

Правдико

   

Се изготвува нов правилник за препознавање на говорот на омраза

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

93112Македонија се уште нема регистрирано официјален судски случај за говор на омраза по новото законодавство, велат од Агенцијата за аудио и аудио визуелни медиумски услуги.

В.д Директорот на агенцијата Зоран Трајчевски вели дека со стариот закон за радио дифузна дејност имало еден случај но тогашниот СРД го изгубиле на суд. Трајчевски не сакаше да ги коментира неофицијалните случаи и дали такви постојат.

Дел од странските експерти кои што ја набљудуваат состојбата со медиумите пак апелираат новинарите да прават разлика меѓу слободата на изразување и говорот на омраза. Велат Македонија како земја која ја има потпишано Европската конвенција за човекови права може да ги применува судските и правни лекови за овие проблематики и тука.

– Овој проект има за цел да ја објасни врската меѓу слободата на изразување и говорот на омраза. Република Македонија е потписник на Европската конвенција за човекови права и како таква ја има ратификувано така што пресудите на Европскиот суд за човекови права автоматски може да ја применуваат и во домашните судови и тоа многу ќе помага, изјави Јелена Сурчулија Милојевиќ, Експерт по медиумско право ИПА.

Со цел препознавање на говорот на омраза од Агенцијата за аудио и аудио визуелни медиумски услуги изготвуваат и водич со кој медиумите во своите информативни и дебатни изданија ќе го избегнуваат ваквиот начин на комуникација. Водичот треба да излезе најдоцна за еден месец.

Извор:24Вести

Препорачуваме

Партнери на Правдико