Се менува законот за приватизација и закуп на државно земјиште | Правдико

Правдико

   

Се менува законот за приватизација и закуп на државно земјиште

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Владата подготвува предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост. Во образложението се вели дека со измените се дополнуваат и допрецизираат одредени одредби од постојниот закон кои во практичната примена на законот создаваа дилеми и нејаснотии.

02e55232-a3ba-4281-a44f-94df68321637-z

„Имено се дообјаснуваат на термините употребени во законот потоа дообјаснување на одредбата од постојниот закон во однос на утврдување на фактичката состојба во однос на околноста дали намената добро во општа употреба е реализирана. Исто така, се врши допрецизирање и доуредување на одредбите од постојниот закон кои се однесуваат на начинот на приватизација на градежното земјиште. Предложените законски решенија се во функција на доуредување и допрецизирање на одредбите од Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост со цел отстранување на одредени нејаснотии и дилеми во практичната примена на законот. Воедно со измените и дополнувањата на законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост односно со доуредувањето и допрецизирањето на одредени одредби од законот ќе се овозможи и воедначено постапување во практичната примена на законот од страна на органот на државата управа надлежен за имотно правните работи“, се вели во образложението.

Извор: еМагазин

Партнери на Правдико