Се намалува бројот на закони донесени во скратена постапка
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Парламентот во 2018 година донел вкупно 246 закони, што е значајно зголемување во однос на 2017 кога биле донесени само 33 закони, оти Собранието не беше функционално во првите пет месеци. Сепак, бројот на закони во 2018 година е помал од оној во 2016 година кога беа донесени 339 закони, но и тоа претставува подобрување, бидејќи самото носење на законите не значи секогаш подобрување на системот и на процесите. Ова се наведува во сумарниот извештај од проектот „Индекс на одговорност, транспарентност и продуктивност на Собранието за 2017 и 2018 година“, што го спроведе Граѓанската асоцијација МОСТ.
Извршниот директор на МОСТ Дарко Алексов, презентирајќи го извештајот рече дека има зголемување на учество на пратениците во креирањето на политиките, а комплетно е променет и трендот на носење закони во скратена постапка. Па ако во 2016 – 70 отсто од законите биле донесени во скратена постапка, а во 2017 тој процент изнесувал 71 минатата година во скратена постапка биле донесени 28,9 отсто од законите.
Има подобрување во транспарентноста на работата на комисиите и во квалитетот на записниците. На презентацијата присуствуваше и британската амбасадорка Рејчл Галовеј, која рече дека Парламентот е огледало на општеството
Извор: Макфакс